Битка кај Дојран (1916)
На почетокот на август 1916 година, три француски и една британска дивизија со 45.000 луѓе и 400 топови започнале офанзива против бугарските позиции кај Дојранското Езеро, кои ги бранела Втората тракиска пешадиска дивизија. Нападот започнал на 9 август со силен артилериски оган врз позициите на 27. Чепински полк и 9. Пловдивски полк. Сите четири напади што следеле на 10, 15, 16 и 18 август биле одбиени од Втората дивизија, а Сојузниците биле принудени да се повлечат на првобитните положби со големи загуби.
Прва дојранска битка | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Македонски фронт | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарија | |||||||
Команданти и водачи | |||||||
Димитар Гешов | Морис Сарај | ||||||
Сила | |||||||
Втора тракиска пешадиска дивизија | |||||||
Жртви и загуби | |||||||
851 | 3.200 |
Други извори наведуваат дека Французите го зазеле ридот Желка (Торту) и Долџели, површина од 30 км2, но по многу висока цена.[1][2] Британскиот 7. баталјон на Оксфордширскиот и Бакингемширскиот пешадиски полк го зазел ридот Потковица.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „Historique“. Архивирано од изворникот на 21 February 2014. Посетено на 30 November 2014.
- ↑ „G. Ward Price. The Story of the Salonica Army. 1918. Chapters X-XIII“. Посетено на 30 November 2014.
- ↑ „Worcestershire Regiment (29th/36th of Foot)“. Посетено на 30 November 2014.
- ↑ „2nd Lieut. JTS Hoey - Croix de Guerre“. Посетено на 30 November 2014.