Битката за Мосул (арапски: معركة الموصل, Ma'rakat al-Mawṣil) била голем воен поход предводена од ирачките сили со сојузничките единици, Регионалната влада на Курдистан и меѓународни сили за да го преземат градот Мосул од Исламскаta Држава на Ирак и Левантот (ИСИЛ), кој го окупирал градот во јуни 2014 година. За време на воената интервенција против ИСИЛ, силите на Ирак и Пешмерга веќе имале направено неколку неуспешни обиди да го преземат градот во 2015 година и повторно во 2016 година, и покрај ограничените придобивки.

Ирачки анти-терористички единици движејќи се кон Мосул, 23 февруари 2017 г.

Офанзивата, наречена Операција „Доаѓаме, Нинава“ (англиски: We Are Coming, Nineveh, арапски: قادمون يا نينوى; Qadimun Ya Naynawa) започнала на 16 октомври 2016 година, со опсада од силите врз реоните под контрола на ИСИЛ во покраината Нинава околу Мосул, и продолжила со ангажирање на ирачките војници и борците на Пешмерга во борба на три фронта против ИСИЛ надвор од Мосул, одејќи од село до село во околината.[1] Оваа офанзива исто така претставувала најголема воена операција во светот во последните 15 години по инвазијата на Ирак во 2003 година.

Во зори на 1 ноември 2016 година, ирачките сили за специјални операции влегле во градот од исток. По жестоки борби, напредокот на Владата во градот бил забавен поради детална одбрана и присуство на цивили, иако ирачкиот премиер прогласил „целосно ослободување на источната страна на Мосул“ на 24 јануари 2017 година. Ирачките војници ја започнаа својата офанзива за повторно враќање на западниот дел на Мосул на 19 февруари 2017 година.

Карта на ситуацијата во Мосул на 20 октомври 2017 г.
  Под контрола на Владата на Ирак
  Под контрола на ИСИЛ
  Под контрола на силите на Пешмерга

На 9 јули 2017 година, ирачкиот премиер пристигнал во Мосул за да ја објави победата над ИСИЛ[2], а официјална декларација за победа била прогласена на 10 јули. Сепак, тешките судири продолжиле во финалниот џеб од отпорот на ИСИЛ во Стариот град, за уште 2 недели. Се проценува дека отстранувањето на експлозивите од Мосул и поправка на градот во текот на следните 5 години ќе бара 50 милијарди американски долари, додека Стариот град на Мосул сам ќе чини околу 1 милијарда американски долари за да се поправи.

Наводи

уреди
  1. „Алармантен извештај од Ирак: Стигнаа првите вести од битката која ја чекаше цел свет“. Сител. 17 октомври 2016. Посетено на 21 септември 2018.
  2. „Ирачкиот премиер прогласи победа во Мосул“. МКД.МК. 9 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-11. Посетено на 21 септември 2018.