Битка на Широјама

(Пренасочено од Битката на Широјама)

Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) се случува на 24 септември 1877 година во Кагошима, Јапонија.[3] Тоа е последната битка од Сацумската побуна, каде надбројаните самураи на чело со Саиго Такамори се борат во својата последна битка против силите на Царската јапонска армија под команда на генералите Јамагата Аритомо и Кавамура Сумијоши. Битката кулминира со уништување на армијата на Саиго, како и со неговата смрт, со што се означува крајот на Сацумската побуна.

Битката на Широјама
城山の戦い
Дел од Сацумска буна

Јапонски приказ на Битката на Широјама. Саиго Такамори може да се види во горниот десен агол во црвено-црна униформа како ги командува своите трупи.
Датум 24 септември 1877
Место Кагошима, Јапонија
Исход
Завојувани страни
Царска јапонска армија Самураите на Сацума
Команданти и водачи
Јамагата Аритомо Саиго Такамори 
Сила
30 000 трупи[1] 500
Жртви и загуби
30[2] сите

Битка

уреди

По поразот на Опсадата на замокот Кумамото и во други битки во централен Кјушу, преживеаните самураи лојални на Саиго Такамори се враќаат назад во Сацума, освојувајќи го ридот на Широјама над Кагошима на 1 септември 1877 година.

Царските армиски сили под водство на генералот Јамагата Аритомо и маринците под команда на адмиралот Кавамура Сумијоши, почнуваат да пристигнуваат набргу потоа, па востаниците за брзо се опколени. По големи човечки загуби и дефекти, на Саиго му остануваат само околу 500 самураи од вкупно 20 000 кои го опколиле владиниот гарнизон само шест недели претходно во градот Кумамото.

Со 30 000 трупи,[1] Јамагата, иако значително надбројувајќи го Саиго, троши време на изградба на серии на воени утврдувања кои ќе ги обиколуваат силите на Саиго и ќе елиминираат каква било шанса за бегство, дополнително барајќи пет воени бродови за бомбардирање на востаниците и намалување на нивната одбрана. Планира напад од сите страни, а за да превенира друго бегство, Јамагата издава наредба да се напаѓа било која позиција која ќе биде окупирана од непријателот, без оглед на можните колатерални штети и пријателски жртви.[3] Саиго ја брани својата позиција со лимитирани мускети и неколку парчиња артилерија, топејќи метални статуи за производство на куршуми и на тој начин изложувајќи се на повреди со столарска пила.[3]

 
Царско јапонско воено утврдување околу Широјама. фотографија 1877.

По последниот напад со артилерија, луѓето на Јамагата ги напаѓаат силите на Саиго. Самураите, иако под силен оган, успеваат да ги притиснат линиите на царската армија, кои не се обучувани за блиска борба со меч. За само неколку минути, организираната армија се претвора во вистински неред. Вештото самурајско мечување надвладува против армијата со многу мало традиционално обучување. Сепак, редовите на Саиго издржуваат за кратко време, бидејќи наскоро се притизнати назад поради бројот на војници во Јапонската царска армија.[се бара извор]

Саиго е смртно ранет во фемуралната артерија и стомакот. Бепу Шинсуке го носи надолу низ ридот за да најде место да го заврши неговиот живот. Служејќи како каишакунин, Бепу му ја сече главата на Саиго и ја сокрива истата за да не ја пронајде непријателската армија.[3] По смртта на Саиго, Бепу и остатоците од "поранешните самураи" ги повлекуваат своите мечеви и тргнуваат кон царските војници односно кон нивната смрт.[се бара извор] Со тоа, Сацумската побуна завршува.

 
Саиго со последните остатоци од Сацумската армија, водејќи очаен бран на самоубиство.

Последици

уреди

Финансиски, задушувањето на Сацумската побуна владата ја чини многу скапо, присилувајќи ја Јапонија да го замени златниот стандард со книжна валута. Побуната исто така делотворно за завршува самурајската класа, при што се зацврстува новата Царска јапонска армија, која е составена од регрути без оглед на нивната социјална класа и кои се докажуваат во битка. на 22 февруари 1889, императорот Меиџи посмртно го помилува Саиго.[4] Во негова чест се подигнати споменици во Уено Парк, Токио и во близина на урнатините на замокот Кагошима. Саиго Такамори е прогласен за трагичен херој од страна на народот.

Во популарната култура

уреди

Шведскиот павер метал бенд Сабатон има создадено песна за оваа битка, со наслов "Широјама", која излегува на 12 август 2016 година како дел од нивниот студиски албум Последната битка.[5]

Американскиот филм од 2003 година, Последниот самурај, во режија на Едвард Звик, повторно ја одигрува Битката за Широјама, со Кен Вантанејб во улога на "Кацумото", самурај водач, кој многу потсетува на Саиго Такамори. Додека филмот точно ги прикажува самураите како воена класа што трагично исчезнува т.е се брише од постоење (како резултат на јапонското учество во светот и индустријализираната модернизација), филмот исто така се потпира на некои лажни импликации. "Кацумото" и неговите самураи во оваа битка се борат како последен напор за зачувување на традиционалниот морал и аматеријализам, како спротивно на зачувување на традиционалниот јапонски систем на касти кои се бенефицирачки за самураите. Филмот никогаш не ги прикажува самураите од Сацума (под водство на “Кацумото“) како користат мускети или артилерија во битката, неточно сугестирајќи дека самураите ги одбивале сета напредна технологија, потпирајќи се исклучиво на лак и стрела како нивен проектил по избор. Бомбардирањето на Сацумските самураи е многу кратко прикажано во филмот (и е лажно претставен како оган од копнен топ, наместо како оган од бомбардирањето на воените бродови. Филмот исто така премногу го нагласува и го преувеличува успехот на самурајската тактика на блиска борба за време на последните нивоа на Сацунската побуна, за доброто раскажување на приказни, оддаваат лажен впечаток на гледачот дека 500те самураи можат делотворно да ги победат главните контингенти на царските сили при критичните пресвртни точки во битката, пред да паднат од артилериски оган. Дијалогот помеѓу главните ликови, на неколку точки во филмот, се однесува на делотворноста на повеќедржавните грчки сили кај Битката на Термопила во 480 п.н.е, под внимателното надгледување и водство на Леонидас I и 300 Спартанци, кои успеаја да отфрлат повеќе бранови на инвазија од многупати побројната Ахеменидна војска. Ликот на Том Круз, Нејтан Алгерн, тврди дека грчките сили биле составени од 300 Спартанци, но и дека армијата била составена и од барем 6500 други Грци од различните грчки држави. Леонидас и грчките сили ја искористиле во нивна корист тактиката на фалангата, супериорните копја и наклонетоста на Хелеспонт за 2-3 дена, пред дел од армијата да се повлече и на крајот да биде уништена. Во историските записи стои приближно 5:1 однос на жртви персиски спрема грчки. Филмскиот приказ на Широјама, неправедно ја отсликува делотворната последна битка на Леонидас. Реалноста е дека Сацумските самураи немаат теренски или тактички предности. Тие се обиколени и претопени во бројноста во однос 60:1, истовремено немајќи доволно ресурси и технологија да се борат со вооружената царска војска и маринци. Жртвите на царската војска се пресметуваат на нешто помалку од 30, додека оние на Сацумските самураи бројат 500 (што во броен однос е 3:50.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Hickman, Kennedy. „Battle of Shiroyama – Satsuma Rebellion Battle of Shiroyama“. about.com: Military History. Посетено на 2010-09-24.
  2. Mounsey, Augustus H. (1879). Satsuma Rebellion: An Episode of Modern Japanese History. University Publications of America. ISBN 0-89093-259-X.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Satsuma Rebellion: Satsuma Clan Samurai Against the Imperial Japanese Army“. Military History Magazine. 12 June 2006.
  4. Perkins, Dorothy. Japan Goes to War: A Chronology of Japanese Military Expansion. Diane Publishing.
  5. „Lyric video for Shiroyama!“. www.sabaton.net. Sabaton – Official website. 12 August 2016. Архивирано од изворникот на 2017-05-12. Посетено на 27 September 2017.

Дополнителна литература

уреди
  • Keane, Donald (2005). Emperor Of Japan: Meiji And His World, 1852–1912. Columbia University Press. ISBN 0-231-12341-8.
  • Mounsey, Augustus H. (1879). Satsuma Rebellion: An Episode of Modern Japanese History. University Publications of America. ISBN 0-89093-259-X.
  • Ravina, Mark (2004). The Last Samurai: The Life and Battles of Saigō Takamori. Wiley. ISBN 0-471-08970-2.

31°35′50″N 130°32′59″E / 31.59722° СГШ; 130.54972° ИГД / 31.59722; 130.54972