Битката кај Аустерлиц, 2 декември 1805 година (Жерар)
Битката кај Аустерлиц, 2 декември 1805 година — слика масло на платно на францускиот сликар Франсоа Жерар, создадена во 1810 година. Прикажува сцена од Битката кај Аустерлиц во 1805 година, каде француската војска ги поразила руската и австриската војска. Тоа е една од сликите изложени во Галеријата на битките во Версајската палата.[1][2]
Творец | Франоса Жерар |
---|---|
Година | 1810 |
Димензии | 510 см × 958 см |
Место | Версајски дворец, Версај |
Историја и опис
уредиЖерар добил задача да го создаде големото платно во 1810 година. За прв пат сликата била прикажана во Парискиот салон истата година. Сликата првично била наменета за таванот на просторијата на Францускиот државен совет. За цел имала да ја слави воената победа на Наполеон и го прикажува мигот по француската победа во битката кога генералот Жан Рап јавајќи на својот коњ му подарува на Наполеон, оддесно, опкружен со неговите генерали, поразениот руски принц Николај Репнин. -Волконски, другите затвореници и стандардите што му се однесени на непријателот како воени трофеи. Од левиот агол на сликата, митското „сонце на Аустерлиц“ како да ја осветлува сцената, како уште еден дел од легендата на Наполеон. На полето на битката лежат неколку повредени или загинати војници.[3][4][5]
Место
уредиВо 1833 година, францускиот крал Луј-Филип I одлучил да го претвори дворецот Версај во историски музеј на Франција. Галеријата на битките била отворена во 1837 година. Во галеријата биле прикажани 33 монументални платна, кои прикажуваат воени епизоди од историјата на Франција. Оттогаш таму е изложено платното на Жерар.[6]
Наводи
уреди- ↑ Battle of Austerlitz, 2 December 1805, Palace of Versailles (French)
- ↑ Battle of Austerlitz, 2 December 1805, POP: la plateforme ouverte du patrimoine (French)
- ↑ Battle of Austerlitz, 2 December 1805, Palace of Versailles (French)
- ↑ The Battle of Austerlitz, Napoleon.org
- ↑ Joséphine and the Arts of the Empire, J. Paul Getty Museum, 2005, p. 28
- ↑ Battle of Austerlitz, 2 December 1805, POP: la plateforme ouverte du patrimoine (French)