Биосинтеза на белковините
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Биосинтеза на белковини е процесот со кој клетките градат или произведуваат белковини. Терминот понекогаш се користи само за транслацијата, но почесто се однесува на повеќеетапен процес кој започнува со синтеза на аминокиселини и транскрипција на јадрената ДНК во информативна РНК (иРНК), која потоа се користи како почетна молекула за транслацијата.
Една од улогите на ДНК е пренесувањето на информациите кои служат за синтеза на белковините. Линеарниот распоред на 4 бази може да се смета како информативен и е основен јазик составен од 4 букви кои се на крај препишува во јазикот на белковините составен од 20 букви (аминокиселини). Рамнотежата се наоѓа на страната на хидролизата. Затоа аминокиселините најпрвин треба да се активираат, т.е. би постоел поголем потенцијал за пренесување на групите, а со тоа би можеле да се поврзуваат во пептидните синџири. Аминокиселини поврзани со енергетски богата врска Потикнувањето на аминокиселинските деривати со висок потенцијал за пренос на групи се нарекува активација на аминокиселините. Активираните аминокиселини се пренесуваат со помошната молекула, трансфер РНК,која на едниот крај содржи рецептор. тРНК има 2 задачи: ги сврзува аминокиселините во врски богати со енергија и овозможува преведување во јазикот на базите и јазикот на аминокиселините бидејќи во средната петелка на нивната структурна детелина се наоѓа антикодон, низа од 3 нуклеотиди кои можат да се сврзат со нуклеотиди во тРНК.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |