Бинарен код
Бинарен код — систем на претставување на текст или наредби на обработувачот со користење на две цифри од бинарниот броен систем: „0“ и „1“. На пример, бинарна низа од осум цифри (битови) може да претставува било која од 256-те можни вредности и може да соодветствува на најразлични симболи, букви и инструкции. Во 8-битниот ASCII код, малата буква „а“ е претставена со битовата низа 01100001.
Во информатиката и телекомуникациите се користи кај најразлични методи на кодирање на податоците, како на пр. низи од знаци во битови низи. Овие методи можат да бидат со утврдена или со променлива должина (ширина).
Кај бинарниот код со утврдена должина, секоја буква, цифра или друг знак се претставува со битова низа со иста должина; таа битова низа, толкувана како бинарен број, обично се прикажува во кодни табели со октална, десетичен или шеснаесетеречен запис.
Постојат многу множества од знаци и многу кодирања за нив.
Битовата низа, толкувана како бинарен број, може да биде преведена во десетичен број.
Пионерска употреба на бинарниот код
уредиАнтон Глазер, во History of Binary and other Nondecimal Numeration. Tomash. 1971. ISBN 0-938228-005., Глава VII Applications to Computers ги наведува следниве пресвртнички примени на бинарниот код во епохата пред ENIAC.
- 1932: Чарлс Вин-Вилијамс бројач „Скала од две“
- 1938: Атанасов-Бериев сметач
- 1939: Штибиц: код „Ексес-3“ во неговиот Комплексен сметач
Поврзано
уреди- Бинарен броен систем
- Бинарна податотека
- Хексадецимален систем
- Список на бинарни кодови
- Октален систем
- Уникод
Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |