Двокамшични
Двокамшични | |
---|---|
Радиоларија | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
(нерангирано) | Двокамшични |
Надгрупи | |
Двокамшичните или биконти (науч. Bikonta) се еукариотски клетки со две камшичиња. Ова е оддел на еукариотите.[1]
Ензими
уредиДруга одлика на двокамшичните е спојувањето на два гена во една единица: гените за тимидилатсинтаза (TS) и дихидрофолатредутаза (DHFR) кои шифрираат една белковина со две намени.[2]
Гените засебно се преведуваат во еднокамшични.
Сродство
уредиНекои испитувања укажуваат на тоа дека еднокамшичните (еукариотна клетка со едно камшиче) се предци на заднокамшичните (Животни, Габи и сродни облици) и Амебозоите, а дека двокамшичните се предци на Архаепластидите (Растенијата и сродните организми), Екскаватите, Ризариите и Хромалвеолатите. Кавалиер-Смит смета дека Безножните, кои најчесто се сметаат за incertae sedis, се всушност двокамшични.
Сродството помеѓу двокамшичните сè уште е недоволно истражено. Кавалиер-Смит ги групира Екскаватите и Ризариите во Кабозоите, а Архаепластидите и Хромалвеолатите во Кортикатите, но барем едно друго испитување укажува на тоа дека Ризариите и Хромалвеолатите сочинуваат клад.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Burki F, Pawlowski J (2006). „Monophyly of Rhizaria and multigene phylogeny of unicellular bikonts“. Mol. Biol. Evol. 23 (10): 1922–30. doi:10.1093/molbev/msl055. PMID 16829542.
- ↑ Thomas Cavalier-Smith (2006). „Protist phylogeny and the high-level classification of Protozoa“. European Journal of Protistology. 39 (4): 338–348. doi:10.1078/0932-4739-00002.
- ↑ Burki F, Shalchian-Tabrizi K, Minge M, Skjæveland Å, Nikolaev SI; и др. (2007). „Phylogenomics Reshuffles the Eukaryotic Supergroups“. PLoS ONE. 2 (8: e790): e790. doi:10.1371/journal.pone.0000790. PMC 1949142. PMID 17726520.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Литература
уреди- Stechmann A, Cavalier-Smith T (2003). „The root of the eukaryote tree pinpointed“. Curr. Biol. 13 (17): R665–6. doi:10.1016/S0960-9822(03)00602-X. PMID 12956967.
- Еукариоти Архивирано на 29 јануари 2012 г. - „Дрво на животот“ (англиски)