Бејкер (округ во Орегон)


Округот Бејкер (англиски: Baker County) е округ во американската сојузна држава Орегон. Округот е дел од областа Источен Орегон, заедно со уште седум други окрузи. Името на округот потекнува од Едвард Диксон Бејкер, орегонски сенатор кој бил убиен за време на Битката кај Балс Блаф во Вирџинија за време на Американската граѓанска војна. Овој округ се одвоил од округот Васко. Според податоците од 2010 година, округот имал население од 16,134 жители. Најголем град, а воедно и центар на округот, е градот Бејкер Сити.

Baker, Oregon
Baker County Courthouse in Baker City
Map of Oregon highlighting Baker
Местоположба во САД на Oregon
Map of the United States highlighting Oregon
Oregon's location in the САД
Основана22 септември, 1862
СедиштеБејкер Сити
Површина
 • Вкупна3,088 ми (7,998 km2)
 • Копно3,068 ми (7,946 km2)
 • Вода20 ми (52 km2), 0.66%
Население
 • (2010)16,134
 • Густина5/sq mi (2/km²)
Временска зонаТихоокеански: [Координирано универзално време
Мрежна страницаbakercounty.org

Демографија

уреди

Според пописот од 2000 година, округот имал население од 16,741 жители, 6,883 домаќинства и 4,680 семејства. Густината на население во округот е 6 лица на километар квадратен.

  • 95.68% белци
  • 0.23% црнци
  • 1.09% староседелци
  • 0.38% Азијци
  • 0.04% луѓе од Тихиот Океан
  • 0.92% останати раси
  • 1.65% мешани

Инкорпорирани градови

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди