Бејблејд (јапонски: ベイブレード) — манга на јапонскиот автор Такао Аоки, објавена во списанието CoroCoro Comic од 2000 до 2002 г. Била објавена во 14 тома (танкобон) од компанијата Shogakukan. Три аниме-серии се направени врз основа на мангата: првата сезона, составена од 51 епизода, била прикажувана на јапонскиот телевизиски канал TV Tokyo во 2001 г. Втората сезона, Бејблејд В-сила, била премиерно прикажана во 2002 г. Исто се состои од 51 епизода. Третата сезона, Бејблејд Г-револуција, се прикажувала од јануари до декември 2003 г. Во април 2009 г. излегла нова серија, со сосема нови ликови.[1][2]

Корицата на петтиот том, со Тајсон (Такао) (во средина), Реи (лево), Каи (горе) и Макс (десно)

Анимеата се прикажувале и во Македонија, со македонска синхронизација.

Содржина

уреди

Приказната ги следи авантурите на група ученици што се натпреваруваат користејќи два врва („блејдови“) на кружно поле. Задачата е да се турне блејдот на непријателот надвор од кругот користејќи ја брзината и масата на блејдот.

Наводи

уреди
  1. Ressler, Karen (February 18, 2016). „Hasbro, Sunrights Plan International Launch of Beyblade Burst Toys anime“. Anime News Network. Посетено на March 8, 2019.
  2. „あにてれ:メタルファイト ベイブレード 4D“. tv-tokyo.co.jp. Посетено на 18 April 2015.

Надворешни врски

уреди