Елизабет К. Ведерхед, попозната како Бетси Ведерхед, е американски климатолог, атмосферски научник, владин претставник и професор.  Таа била назначена во 2020 година од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да раководи со Националната климатска проценка (НКП).[1]

Биографија

уреди

Пред да работи за владата на Соединетите Американски Држави, Ведерхед работела во приватниот сектор за Јупитер интелигенција. На Универзитетот во Колорадо и Кооперативниот институт за истражување во еколошки науки, таа ги проучувала климатските промени на Арктикот и моделирањето на климатските прогнози.[2]

Наследникот на Трамп, Џо Бајден, ја отстранил Ведерхед од позицијата во април 2021 година, заменувајќи ја со Алисон Криминс.[3] [4] Во Претставничкиот дом, двајца републиканци прашале зошто администрацијата на Бајден ја отстраниле од нејзината улога да ја надгледува НКП, тврдејќи дека нејзиното отстранување е политички мотивирано.[5] [6] [7]

Наводи

уреди
  1. „White House taps mainstream climate scientist Betsy Weatherhead to run key report“. The Washington Post. 2020-11-04. Посетено на 2021-11-02.
  2. Brasch, Sam. „Trump Administration Picks Colorado Scientist To Lead Its Next Climate Assessment“. Colorado Public Radio.
  3. „Betsy Weatherhead, director of National Climate Assessment, removed by White House“. The Washington Post. 2021-04-18. Посетено на 2021-11-02.
  4. Tollefson, Jeff (July 16, 2021). „Influential US climate report moves ahead — under new leadership“. Nature. doi:10.1038/d41586-021-01969-x.
  5. „Republicans ask why White House removed climate scientist“. AP News. May 4, 2021.
  6. Choi, Matthew; Adragna, Anthony (2021-05-04). „Biofuels want in on the action“. Politico.
  7. Lucas, Fred (May 14, 2021). „House GOP seeks answers on Biden White House's ouster of climate official“. Fox News.

Надворешни врски

уреди