Бес (словенска митологија)
Бес, Беснило со своите страотни симптоми оваа болест во народното верување била протолкувана како зол дух, а некаде го поврзувале со дејствувањата на ѓаволот. Во поновите пишани христијански извори злите бесови се спомнуваат како многубожечки демони. Во народот владеело верување дека демонот бес влегува во животно или човек поради што тој полудува. Секое девијантно однесување кај луѓето било поврзувано со дејствувањето на демоните, особено на бесот. Бес се повикувал во клетвите: ‘Невен Пејо луто колне/ Кандил кучке бес те ватнал.../’ Против беснило постојат многу баења и магиски дејствија. Се верувало дека се појавува или настанува доколку се преде доцна навечер во сабота или доколку се плука во огнот[1].
Наводи
уреди- ↑ Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 45
Користена литература
уреди- Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
Оваа статија од областа на религијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |