Бесилка (игра)
Бесилка — игра на хартија за две (или повеќе) лица. Игра која е истисната од секојдневието со навлегувањето на интернетот во секој дом.[1]
Правила на играта
уредиНајпрво, пред да започне играта се прави договор за зборовите (предметите) кои ќе бидат опфатени. Вообичаено зборот треба да биде именка (предмет) во еднина, или множина доколку зборот нема еднина. Може да има и ограничување на просторот каде што ќе се наоѓа замислениот збор (пример предмети кои се наоѓат во просторијата каде што се игра).
Еден од играчите замислува збор — пишува две букви од зборот на хартија и ги означува местата за преостанатите букви, на пример, со цртички (исто така има варијанта кога првично сите букви од зборот се непознати). Исто така, се црта бесилка со јамка.
Вториот играч предлага буква што може да е дел од овој збор. Ако таква буква има во зборот, тогаш првиот играч ја пишува на местото на цртичката што соодветствува на оваа буква — онолку пати колку што се појавува во зборот. Ако нема таква буква, тогаш на бесилката се додава круг на јамката што ја претставува главата. Вториот играч продолжува да ги погодува буквите додека не го погоди целиот збор. За секој неточен одговор, првиот играч додава еден дел од телото на бесилка (обично има 6 дела: глава, труп, 2 раце и 2 нозе, исто така има и варијанта со 8 дела — се додаваат и стапала како најдолга варијанта).
Ако телот е целосно нацртано на бесилката, тогаш играчот кој погодува губи, се смета за обесен. Ако играчот успее да го погоди зборот, тој победува и ги менуваат улогите.
Наводи
уреди- ↑ „ДЕТСКА ИГРА „Бесилка"“. Населба Илинден. 16.03.2020. Посетено на 22 септември 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)