Беса

албанска организација која делувала во Белград, 1935–1941 година

Беса — албанска организација која делувала во Белград, 1935–1941 година. Формирана била од студентите Албанци од Македонија и од Косово, по инструкции на Военоразузнавачката служба на Италија (SIM), преку Албанското претставништво во Белград. Разгранок во Македонија (Тетово) бил формиран при крајот на 1938 г. од Шаип Камбери, Идриз Ибрахим Црцр и Сеап Селман (Селим Сехати) за да дејствува за национално освестување на Албанците во Кралството Југославија. Се расформирала во 1941 г. по доаѓањето на Италијанците во Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002.