Бентомак
Бентомак — македонски рудник на бентонитски глини кај Крива Паланка.[1] Под името Бентомак е опфатена и компанијата која во 70-тите години на XX век вршела експлоатација на бентонитските глини во Славишко Поле. Тоа се наоѓалиштата Ранковце, Гиновци и Љубинци. Со прекини Бентомак до денес врши експлоатација на фино дисперзни бентонитски глини со висок квалитет. Дебелината на подинскиот слој кај Ранковци е 6 m, а во крајните делови постои листест бентонит со дебелина од 11 m.[2]