Бенкичаво вилинско коњче
Бенкичаво вилинско коњче | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Odonata |
Подред: | Anisoptera |
Семејство: | Libellulidae |
Род: | Libellula |
Вид: | L. quadrimaculata |
Научен назив | |
Libellula quadrimaculata Linnaeus, 1758 |
Бенкичавото вилинско коњче (Libellula quadrimaculata) е вид на вилинско коњче од редот на виситински вилински коњчиња. Бенкичавото вилинско коњче може да се најде во скоро цела Европа, вклучително и во Македонија, Азија и Северна Америка. Во Македонија се наоѓа околу неистечни води.
Опис
уредиИмето на вилинското коњче потекнува од точките (бенки) кои се наоѓаат на крилјата. Возрасните вилински коњчиња можат да се најдат од април до септември, но сепак тоа зависи од држава до држава. Ларвите имаат двегодишен развоен циклус. Возрасните вилински коњчиња воглавно се хранат со комарци и мали муви.[1] Ларвите се хранат со останати мали водни инсекти и ларви.
Живеалиште
уредиОва вилинско коњче воглавно живее околу бари и помирни реки. Најчести се во јуни и јули.
Однесување
уредиМажјакот се смета дека е многу агресивен и ја брани дадената територија од упади од други мажјаци од видот. Мажјаците имаат поволен поглед кон небото за време на чнувењето.[2] Тие се одлични летачи, па така парењето се одвива во лет. Јајцата се полагаат на вегетација.
Грабливци
уредиГлавен грабливец на бенкичавото вилинско коњче е вилинското коњче император.[3] Друг грабливец на ова вилинско коњче е зелената тигреста бубачка.[4]
Галерија
уреди-
Женка
-
Женка
-
Бенкичаво вилинско коњче при лет
-
Парење
-
Ловење
Наводи
уреди- ↑ http://www.shgresources.com/ak/symbols/insect/ Архивирано на 7 јануари 2009 г. Retrieved 16 Feb. 2010
- ↑ Sauseng, Manuela; Pabst, Maria-Anna; Kral, Karl (20 November 2003). „The dragonfly Libellula quadrimaculata (Odonata: Libellulidae) makes optimal use of the dorsal fovea of the compound eyes during perching“ (PDF). European Journal of Entomology. 100 (4): 475–479. doi:10.14411/eje.2003.071. ISSN 1210-5759.
- ↑ „Emperor Dragonfly“. Norfolk Dragons. Архивирано од изворникот на 27 May 2009. Посетено на 16 February 2010.
- ↑ „An Unexpected Predator of the Four Spot Chaser Dragonfly“. 23 January 2009. Архивирано од изворникот на 17 November 2017. Посетено на 15 February 2010.
- „Libellula quadrimaculata“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 9 February 2006. (англиски)
Надворепни врски
уреди- Бенкичаво вилинско коњче
- Американски податоци за распространетост
- Бенкичаво вилинско коњче, BDS
- Мапирање и таксономија на европската фауна
„Бенкичаво вилинско коњче“ на Ризницата ? |
- Libellula quadrimaculata на Викивидовите ?