Бенамар Бената
Бенамар „Бен“ Бената е алжирски бегалец, барател да живее во Канада.[1] На 12 септември 2001 година, еден ден по нападите на 11 септември 2001 година, Бената бил предаден на властите на САД од страна на канадските граничари и бил задржан во притвор речиси пет години и покрај тоа што бил ослободен од сомневањата за терористички активности од страна на Федералното биро за истраги.[1]
Живот
уредиБената бил поручник во алжирските воздухопловни сили и бил испратен во САД со 6-месечна виза во декември 2000 година за да присуствува на семинари за обука во Балтимор во воениот конгломерат Нортроп Груман како дел од програма за воена размена.
Тој не се вратил во Алжир на крајот на курсот, известувајќи дека се плаши за својот живот поради заканите од терористите и војската.[1][2] Помеѓу јуни 2001 година, кога му истекла визата, и септември 2001 година, живеел во Њујорк со православен Евреин како цимер.[2]
Влез во Канада, апсење
уредиНа 5 септември 2001 година, тој отпатувал за Бафало, каде што го преминал Мостот на мирот во Канада и аплицирал за статус на бегалец. Тој бил приведен од канадски погранични службеници кои го прогласиле за личност од интерес, и очигледно биле загрижени за неговото ментално здравје.[1][2] Шест дена по неговото притворање, се случиле настаните од 11 септември 2001 година и истата вечер тој бил сослушан од американски безбедносни службеници.[1]
Канадските имиграциони службеници незаконски го префрлиле преку граница и го предале на американски официјални лица на 12 септември 2001 година,[3] потоа тој бил префрлен во затворска ќелија во северниот дел на Њујорк, но повторно бил преместен во високобезбедносен притворен центар во Бруклин, за на крај да заврши во еден таков во Бафало.[1][2] Тој рекол дека бил чуван во самица и дека бил мачен и понижуван додека бил во американски притвор. Тој објавил дека службениците му ги оковале зглобовите и стапалата, му ги врзале градите со синџир и му не дозволувале да спие.[1][2] Тој доби пристап до адвокат до крајот на април 2002 година.[2] Работната група на Обединетите нации подоцна го опишала третманот на Бената како тортура.[4]
На 15 ноември 2001 година, американските службеници за спроведување на законот утврдија дека Бената немал никакви врски со тероризмот.[2] Сепак, тој остана во притвор бидејќи во декември 2001 година беше обвинет за носење лажни документи за идентификација, иако тој не бил информиран за обвиненијата, во април 2002 година, ниту пак му бил понуден пристап до адвокат. Нему му беше понудена спогодба што би значела казна од шест месеци и прилично брзо ослободување, но решил да се бори со обвиненијата: „Јас не сум бил криминалец. Никогаш“, рече Бената.[2]
Овие обвиненија беа отфрлени во 2003 година по многу критички извештаи од американски федерален судија кој ги укоруваше федералните обвинители, ФБИ и агентите за имиграција, велејќи дека користеле „измама“ за да ги оправдаат своите постапки при приведувањето на Бената,[1][2] вклучително и игнорирање на законските рокови дизајнирани да ги заштитат уставните права и давање објаснувања за нивното однесување кое „се граничи со смешност“. „Обвинетиот во овој случај неспорно е лишен од слобода - напиша судијата, Х. Кенет Шредер - да се затвори Бената подолго би било претерување, да се приклучам на шарадата што е извршена“.[2]
Бената беше префрлен во притвор за имиграција, каде што продолжи да биде затворен, додека минуваше низ низа прегледи и жалби за имиграција.[1] На 20 јули 2006 година, американските официјални лица го вратија Бената на канадските службеници за имиграција,[5] по преговорите на високо ниво меѓу Канада и САД, кои резултираа со тоа што Владата на Канада му понуди привремен престој додека тој бараше статус на бегалец.[1] Лос Анџелес Тајмс објави дека Бената бил притворен вкупно 1.780 дена. Тој бил држен во притвор без обвинение подолго од кој било друг осомничен во САД.
Лос Анџелес Тајмс го цитирале Бената:[6]
Си велам одвреме-навреме, можеби тоа што се случи... беше некаков сон. Никогаш не верував дека такви работи може да се случат во САД.
Бенета живее во Торонто додека го чека утврдувањето на барањето за бегалец. Во април 2007 година тој побарал објаснување од Владата на Канада за тоа зошто бил префрлен во САД на 12 септември 2001 година.[1]
Мајкл А. Битл, обвинителот кој бил вклучен во неговото затворање,[7] оттогаш, бил унапреден во „Директор на извршната канцеларија за адвокати на Соединетите Држави“.[8]
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Algerian held in U.S. nearly 5 years wants Canada's role probed, CBC, April 18, 2007
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Powell, Michael (2003-11-29). „Prisoner Of Panic After 9/11: Algerian-Born Detainee Seen as Victim of Excess“. The Washington Post. стр. Page A01. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2007-08-27.
- ↑ Pither, Kerry. "Dark Days: The Story of Four Canadians Tortured in the Name of Fighting Terror", 2008.
- ↑ UN working group described Benatta's treatment as torture in Benamar Benatta v. United States of America, Working Group on Arbitrary Detention, U.N. Doc. E/CN.4/2005/6/Add.1 at 67 (2004).
- ↑ Domestic Detainee From 9/11 Released, The Washington Post, July 21, 2006
- ↑ Post-9/11 Detainee Returns to His Life[мртва врска], Los Angeles Times, August 18, 2006 [мртва врска]
- ↑ Michael Battle was largely responsible for his initial detention as stated in the Washington Post
- ↑ Michael Battle was promoted by the Bush administration