Белопрутав шумник

Белопрутав шумник
Brintesia circe
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Подред: Glossata
Натсемејство: Papilionoidea
Семејство: Шаренци
Потсемејство: Satyrinae
Род: Brintesia
Fruhstorfer, 1911
Вид: B. circe
Научен назив
Brintesia circe
(Fabricius, 1775)
Синоними
  • Genus level
    • Oreas Hübner, [1806]
    • Oreas Oken, 1815
  • Species level
    • Hipparchia circe
    • Kanetisa circe
    • Papilio circe Fabricius, 1775
    • Papilio proserpina Denis & Schiffermüller, 1775

Белопрутавиот шумник (Brintesia circe) е пеперутка од видот на пеперутки окатки. Пеперугата живее и во Македонија.

Опис

уреди

Пеперугата има распон на крилја од 65 до 80 мм. Мажјакот и женката имаат сличен изглед, само што има за нијанса посветли крилја кај женката. Горната страна на пеперутката е во тенокафена боја, а во иста боја се и телото и антените. Кон врвовите на крилјата има бела нијанса со црни точки (повеќе има мажјакот). Рабовите се во бела боја. Долната страна на пеперугите имаат сличен изглед како горната, само што има повеќе бели шари.[1]

Пеперутката најчесто може да се најде на гранки.

Биологија

уреди

Овие пеперутки имаат една генерација годишно, и возрасните единки летаат од јуни до септември. Ларвите се хранат со Anthoxanthum, Bromus, Festuca и Sesleria. Малите ларви презимуваат.

Оваа пеперуга живее во централна и јужна Европа, Мала Азија па сè до Иран. Таа претпочита ретки шуми, грмушки на надморска висина до 1600 метри.

Подвидови

уреди
  • Brintesia circe pannonia (Fruhstorfer, 1917)
  • Brintesia circe venusta (Fruhstorfer, 1909)

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Надворешни врски

уреди