Белиот шеик
„Белиот шеик“ (италијански: Lo sceicco bianco) — филм на режисерот Федерико Фелини (Federico Fellini) од 1952 година. Автори на сценариото се Фелини, Тулио Пинели, Енио Флајано и Микеланџело Антониони. Главните улоги ги играат: Алберто Сорди, Џулиета Масина, Леополдо Триесте и Брунела Бово.[1]
Синопсис
уредиЗа време на медениот месец во Рим, една млада жена го запознава јунакот од своите омилени фоторомани. Таа го остава мажот и заминува со него, но набргу сфаќа дека тој е обичен позер и кукавица...