Беленден Кер (планина)
Беленден Кер (англиски: Mount Bellenden Ker) е втората највисока планина во Квинсленд, Австралија. Планината има висина од 1593 метри надморска висина. Именувана е по ботаничарот Џон Беленден Кер Голер. Беленден Кер се наоѓа на 60 км јужно од Кернс, во близина на Бабинда и планината Бартл Фрир. Бартл Фрир и Беленден Кер се дел од планинскиот венец Беленден Кер. Двете планини доминираат кај Џозефините Водопади во Националниот парк Вороноран.[1]
Беленден Кер | |
---|---|
Поглед кон Беленден Кер | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1593 м |
Координати | 17°15′51″S 145°51′14″E / 17.26417° ЈГШ; 145.85389° ИГД |
Географија | |
Место | Квинсленд, Австралија |
Матичен венец | Планински венец Беленден Кер |
На самиот врв има неколку телевизиски предаватели. Единствениот пристап до телевизиските предаватели и до метеоролошката станица која се наоѓа на врвот е преку приватна жичница.[2]
Историја
уредиВо 1873 година, Валтер Хил, првиот колонијален ботаничар во Квинсленд, направил експедиција во северен Квинсленд за да собере домородни растенија и вклучил патување до планината Беленден Кер. Во истата година Роберт Артур Џонстон се искачил на врвот додека ги истражувал крајбрежните земји јужно од Куктаун со Џорџ Елфинстон Далримпл.[3] Друга експедиција на самитот, предводена од Арчибалд Местон (1851-1924), била спроведена на почетокот на февруари до почетокот на март 1889 година.
Наводи
уреди- ↑ Shilton, Peter (2005). Natural areas of Queensland. Mount Gravatt, Queensland: Goldpress. стр. 74. ISBN 0-9758275-0-2.
- ↑ Sarah Elks (30 April 2011). „On top of world, never rains but it pours“. The Australia. News Limited. Посетено на 26 June 2011.
- ↑ Dorothy Jones. „Johnstone, Robert Arthur (1843 - 1905)“. Australian Dictionary of Biography Online Edition. Melbourne University Press. Архивирано од изворникот 14 April 2011. Посетено на 26 June 2011.
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Австралија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |