„Без сонце“ (француски: Sans Soleil) — француски документарен филм од 1983 година, во режија на Крис Маркер (Chris Marker), кој е автор и на сценариото. Иако станува збор за документарен филм, тој е многу повеќе од тоа: истовремено е визуелна медитација, тек на свеста и филмски-есеј. Маркер го структуирал филмот користејќи документаристички снимен материјал, инсерти од јапонски филмови, ТВ емисии и цитати од други филмови. Филмот е директен производ на естетиката карактеристична за крајот на 20 век, но со својот некласичен приод, иновативноста и лиричноста подеднакво е актуелен и денес. Во 2014 година, списанието „Sight and Sound“ го прогласило ова уникатно остварување за трет најдобар документарец на сите времиња, весникот „Daily Telegraph“ во 2019 година го ставил филмот на списокот на стоте најдобри филмови., а во 2023 година, пак, списанието „Time“ го прогласило за еден од најважните филмови во 20 век.[1]

Наводи уреди