Бездомништво во Унгарија

Проценувано е дека во Унгарија има 30.000 бездомници.[1] 131 бездомници починале од хипотермија во Будимпешта помеѓу 2006 и 2010 година.[2]

По повторените обиди на владата на Фидес да го направи бездомништвото кривично дело, и со тоа што бездомниците во многу градови се соочуваат со строги ограничувања наметнати со месните прописи,[3] бил воведен закон за забрана на бездомништвото во јуни 2018 година.[1] Откако законот стапил на сила, околу 200 бездомници добиле полициско предупредување, а најмалку четворица биле уапсени. Досега, судовите се справувале со бездомниците изведени пред нив со формални предупредувања.[4]

Различни унгарски невладини организации, особено групата наречена „Градот е за сите“, протестирале против новиот закон, нарекувајќи го „нечовечки“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Hungary's homeless ban: When poverty becomes a crime | DW | 15.10.2018“. Deutsche Welle (DW.COM) (англиски). Посетено на 6 јуни 2024.
  2. „How to help the homeless“. The Economist (англиски). 7 декември 2013. Посетено на 6 јуни 2024.
  3. „Hungary: Outstanding Human Rights Concerns“. Human Rights Watch (англиски). 18 февруари 2015. Посетено на 6 јуни 2024.
  4. McLaughlin, Daniel. „Hungary's rough sleepers go into hiding as homelessness made illegal“. The Irish Times (англиски). Будимпешта. Посетено на 6 јуни 2024.