Бежанска маала (Струмица)
(Пренасочено од Бежанска маала)
Бежанската маала — една од неколкуте маали во Струмица. Таа се наоѓа во горниот дел на градот, простирајќи се по улицата „Крушевска република“.
Бежанска маала | |
---|---|
маало | |
Свечено откривање на Споменикот на децата бегалци во Бежанскиот парк во маалото | |
Земја | Македонија |
Град | Струмица |
Со завршувањето на Балканските војни, во Грција започнал Белиот терор, од кој голем дел од населението од Кукуш избегало во Струмица, а најголем дел од бегалците, локално наречени „бежанци“ се населиле токму во овој дел од градот. Поради нив денес ова маало го носи името Бежанска маала, а исто така постои Бежански парк. Во 2010 година во ова маало бил откриен Споменик на децата бегалци.[1]
Оваа статија поврзана со Струмица е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „Откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија“. Вечер. 5 јули 2010. Посетено на 18 ноември 2017.[мртва врска]