Бебето од Макон
„Бебето од Макон“ (англиски: The Baby of Mâcon) — филм на режисерот Питер Гринавеј (Peter Greenaway) од 1993 година. Истовремено, тој е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Ралф Фајнс (Ralph Fiennes), Џулија Ормонд (Julia Ormond) и Филип Стоун (Philip Stone).[1]
Синопсис
уредиВо 17 век, големиот војвода Козимо Медичи ги собира благородниците за да гледаат театарска претстава со следнава содржина: Еден средновековен град е опустошен од чума поради што владее општа неплодност. Тогаш, една стара и грда жена се раѓа преубаво машко дете кое жителите го сметаат за симбол на плодноста. Меѓутоа, неговата амбициозна 17-годишна сестра се прогласува за негова мајка и почнува да ја искористува положбата на момчето, кое им дава благослов на жителите, па така тоа и сестра му си обезбедуваат богат живот. Притоа, сестрата ги затвора своите родители со цел луѓето да не ја откријат нејзината измама. И додека луѓето се воодушевени од детето, само бискупот и неговиот син, младиот научник, не веруваат во чудотворната моќ на детето. Сестрата на детето го заведува синот на бискупот, но додека водат љубов, детето го предизвикува бикот да го убие синот на бискупот. Сестрата, пак, го убива бикот, а потоа таа е уапсена и тогаш бискупот го зема детето под свое старателство. Од тој миг, црквата го злоупотребува детето, скапо продавајќи ги неговите течности (мочка, солзи, крв) како реликвии. Сестрата не може да го поднесе тоа и го убива детето. Таа е обвинета за убиството, но, според законите, не може да биде казнета бидејќи е невина. Затоа, бискупот собира стотици мажи кои ја силуваат девојката и така таа умира. Меѓутоа, со тоа не престанува злоупотребата на детето, зашто луѓето го распарчуваат неговото мртво тело и ги земаат неговите телесни делови (рацете, косата, нозете итн.) како чудотворни реликвии.