Бањешница е населба во Гостивар која се наоѓа на крајниот југоисточен дел на градот.Нејзините граници се, започнува од мостот на р. Вардар кај Горни Полог па сè до новоизградената бензиска пумпа во кругот на фабриката Тулана.Низ оваа населба минуваат реките: Бањешница и Сушичка река.

Компании и објекти:Агенција за стопанисување со пасишта "Лера",седиштето на млекарата"Фејзи" , на модната конфекција "Ивона", на компанијата "Асани компани", Бензиската пумпа, КНК-компани, супер маркет Бонита.

Население: во населбата Бањешница живееат околу 1800 жители, од македонаска, албанска и ромаска националност. И токму поради тоа оваа населба претставува пример за меѓуетнички соживот и заедничко живеење.

Историја и развој:Населбата Бањешница почнала да се создава во 60-тите години на XX век, кога поради индустријализацијата населението од селата: Куново , Беловиште , Трново, Страјане и др. се доселиле тука. Меѓутоа забарзан развој населбата доживува после 90-тите години, кога се изградија голем број на нови куќи, и населбата Бањешница се подели на Бањешница, 1 и 2. Низ оваа населба поминувала старата пруга за Кичево, а на нејзино место денес се наоѓа главната улица а од 1967год. е изградена новата пруга кој исто така поминува низ оваа населба.