Бајрак
Бајрак — во османлиската воено-феудална војска била помала воена единица до 60 војници под водство на везир или беглербег.[1] Знамето што се носело за време на војната или се користело за време на церемониите, исто така било наречено бајрак. По повик во војна, војската се собирала на местото каде што бил развиен бајракот на санџак-бегот, а потоа се водела под бајракот на беглербегот. Бајрак имале и други команданти како: јаничарскиот и акинџискиот ага. Бајрак може да се најде и во капетании, агалуци, градови и некои џамии. Носителот на бајракот, бајрактарот во Босна, бил од истото собрание како и капетанот.
Наводи
уреди- ↑ Abdulah Škaljić: Turcizmi u srpskohrvatskom jeziku, Sarajevo: Svjetlost, str. 113.