Башибоска чешма

чешма во Македонија

Башибоска чешма — чешма и бугарски воен споменик во валандовското село Башибос, Македонија, посветен на вториот пешадиски македонски полк од Првата светска војна.

Башибоска чешма
Поглед на чешмата (2023 г.)
Карта
Координати41°18′32.94″N 22°41′25.81″E / 41.3091500° СГШ; 22.6905028° ИГД / 41.3091500; 22.6905028
МестоБашибос, Македонија
Завршен1917
Посветен на2. пешадиски македонски полк

Местоположба

уреди

Чешмата се наоѓа на самото сретсело во валандовското село Башибос.

Историја

уреди

Чешмата била изградена од бугарската војска во 1917 година во чест на бугарските војници и нивните успеси на Македонскиот фронт во Првата светска војна по Дојранската епопеја. Посветена е на војниците од Вториот пешадиски македонски полк од Деветтата плевенска дивизија.

Чешмата во поново време заедно со други чешми на планината Беласица била обновена од мештанинот Хусеин.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Хусеин од Башибос го сврте вниманието на бугарската новинска агенција „Монитор" • Валандово“. Валандово. 2018-08-10. Посетено на 2024-08-18.

Надворешни врски

уреди