Бачански потдијалект
Бачански потдијалект (словенечки: baški govor,[1] baško podnarečje[2]) ― словенечки потдијалект од толминскиот дијалект во групата на ровтарски дијалекти. Зборуван е околу Подбрдо во триаголната област ограничена со Бача кај Подбрдо, Порежен и планината Родица (1966 м).[2][3]
Фонолошки и морфолошки одлики
уредиБачанскиот потдијалект е преоден дијалект помеѓу групата горнокрањски дијалекти и групата ровтарски дијалекти.[4] Како и остатокот од толминскиот дијалект, тој воглавно се одликува со акање, но месниот дијалект на селото Рут ја нема оваа одлика. Дијалектологот Тине Логар предложува дека тоа може да се должи на влијанието на германската колонизација.[5][6] Друга посебна одлика на говорот во Рут, заедно со селата Стржишче и Подбрдо, е спојувањето на алвеоларните и палаталните фрикативи во алвео-палатали: s/š > /ɕ/, z/ž > /ʑ/, феномен познат во словенечкиот како слекање .[7][8] Овој фонолошки развој исто така се припишува на германското влијание.[9][10]
Наводи
уреди- ↑ Smole, Vera. 1998. "Slovenska narečja." Enciklopedija Slovenije том 12, стр. 1–5. Ljubljana: Mladinska knjiga, стр. 2.
- ↑ Отиди кај: 2,0 2,1 „Karta slovenskih narečij z večjimi naselji“ (PDF). Fran.si. Inštitut za slovenski jezik Frana Ramovša ZRC SAZU. Посетено на 24 ноември 2023.
- ↑ Toporišič, Jože. 1992. Enciklopedija slovenskega jezika. Ljubljana: Cankarjeva založba, стр. 5.
- ↑ Rovtarska narečja (на Slovene)[мртва врска]
- ↑ Logar, Tine. 1968. "Glasovne in morfološke posebnosti v govorici sloveniziranih nemcev." Slavistična revija 16: 159–168, стр. 164.
- ↑ Reindl, Donald F. 2008. Language Contact: German and Slovenian. Bochum: Brockmeyer, стр. 47.
- ↑ Logar, Tine. 1993. Slovenska narečja. Ljubljana: Mladinska knjiga, стр. 122.
- ↑ Reindl, Donald F. 2008. Language Contact: German and Slovenian. Bochum: Brockmeyer, стр. 59.
- ↑ Ramovš, Fran. 1935. Historična gramatika slovenskega jezika. VII. Dialekti. Ljubljana: Učiteljska tiskarna, стр. 86.
- ↑ Logar, Tine. 1968. "Glasovne in morfološke posebnosti v govorici sloveniziranih nemcev." Slavistična revija 16: 159–168, стр. 166.