Батова
Батова ― река во североисточна Бугарија. Реката тече во широка долина помеѓу рамницата на Добруџа на север и висорамнината Франга на југ, на крајот се влева директно во Црното Море. Батова е долга само 39 километри, но се забележува како единствена река во Јужна Добруџа која не се суши на годишно ниво. Реката е длабока помеѓу ноември и мај, со врв во февруари, и плитка во преостанатите пет месеци, особено во јули и август. Сливот на Батова зафаќа 339 квадратни километри и просечниот проток е 340 литри во секунда.[1] Реката минува низ селото Батово во општината Добричка, Добричка Област, по што е именувана.
Батова | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Бугарија |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Црно Море |
• координати | 43°20′44″N 28°04′21″E / 43.3456° СГШ; 28.0724° ИГД |
Должина | 39 kм (128,000 ст) |
Големина на сливот | 339 km2 (131 ми) |
Особености на сливот |
Според извештајот од 2001 година, водите на Батова покажуваат средно и мало загадување.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Средногодишен, максимален и минимален отток по хидрологични станции“ (бугарски). BlueLink.net. Архивирано од изворникот на 24 април 2008. Посетено на 21 август 2021.
- ↑ „Годишник за състоянието на околната среда за 2001 г“ (бугарски). Изпълнителна агенция по околна среда. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2008. Посетено на 21 август 2021.