Бастардо дел Грапа
Бастардо дел Грапа е традиционално сирење произведено во подножјето на масивот Монте Грапа и во провинциите Тревизо, Белуно и Виченца, во Италија. Бастардо дел Грапа е сертифицирано ПАТ сирење кое се квалификува како оригинален италијански производ.
Бастардо дел Грапа | |
---|---|
Земја на потекло | Италија |
Област | Венето |
Млеко од | Кравјо |
Текстура | Меко и ронливо |
Масност | 27% |
Белковини | 20% |
Големина | 25 до 30 cm дијаметар 5 до 8 cm висина |
Тежина | 2.5 до 5 kg |
Узревање | 25 до 120 дена |
Историја
уредиИсторијата на полумасното сирење „бастардо“ датира од 800 година од нашата ера, време во кое се произведувало на пасиштата во регионот Венето.[1] Така е наречен (бастардо значи „копиле“) поради млекото, со додавање на козјо млеко во неговиот состав, не може да се претвори во сирењето морлако.[2] Иако приказната вели дека името произлегува од тоа што во минатото се произведувало и со козјо, овчо и кравјо млеко.[3]
Области на производство
уредиБастардо дел Грапа е производ вистински поврзан со областа на масивот Монте Грапа и околу Борсо дел Грапа, Креспано дел Грапа, Падерно дел Грапа, Посањо, Кавасо дел Томба, Алано ди Пиаве, Керо, Фелтре, Серен дел Грапа, Арсие, дел Грапа, Сан Назарио, Солан, Пове дел Грапа и Романо д'Езелино.
Процес на производство
уредиОткако ќе се собере млекото наутро, се остава да одмори преку ноќ на ладно место. Маснотиите се отстрануваат во сад од бакар и млекото се меша, се загрева на температура од 38-42 степени целзиусови, со постојано мешање.[4] Потоа се додава сириште, кое ѝ помага на сурутката од сирењето да се згрутчи во голема, мека топка. Постапката продолжува со повторно загревање на калдерата на 40-45 °C.[4] Смесата потоа се притиска благо во дрвени калапи и се прочистува 24 часа.[4]
Тестото потоа се остава да одмори 2 до 3 дена, за да се создаде мазната текстура. Сирењето се посолува во саламура со околу 15 кг сол на хектолитри вода во период од 4 до 5 дена за да не се промени вкусот. Созревањето следи во соодветна просторија од 25 до 120 дена, иако може да трае и повеќе од една година.[5] Тежината може да варира од 2,5 до 5 кг, дијаметар од 25 до 30 см и висина од 5 до 8 цм.[6] Стврднувањето исто така носи промени во конзистентноста на тестото што станува позрнесто во зависност од неговата зрелост.[6] Сирењето на кое пишува „бастардо“ е со жолто бледа до светла сламена боја,[5] што исто така може да варира во зависност од зачините.
Нутрициони вредности
уредиНутритивните вредности на Бастардо дел Грапа се движат од 350 до 460 калории на 100 g, со белковини кои надминуваат 20%. Минимум 27% масти и влажност од најмногу 40%.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Bastardo del Grappa (Vicenza): alpine specialties“. Mondo del Gusto. Посетено на 2014-06-07.
- ↑ „Bastardo del Grappa“. Formaggi Sapori Dolomiti. Посетено на 2014-06-07.
- ↑ „Bastardo del Grappa“. Dolomitiprealpi.it. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 2014-06-07.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Bastardo del Grappa“. Venetoformaggi.it. Посетено на 2014-06-08.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Bastardo del Grappa“ (PDF). Caseusveneti.it. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-12. Посетено на 2014-06-08.
- ↑ 6,0 6,1 „Bastardo Del Grappa“. Foodista.com. Посетено на 2014-06-08.