Бар во Фоли-Бержер (Мане)
Бар во Фоли-Бержер (француски: Un bar aux Folies Bergère ) e слика - масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1882 година. Таа денес е изложена во галеријата Корто во Лондон[1].
француски: Un bar aux Folies Bergère | |
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1882 |
Димензии | 96 см × 130 см |
Место | Галерија Корто, Лондон |
Сликата е богата со детали што даваат индиции за социјалната класа и милје. Жената во барот е вистинска личност, позната како Сузон, која работела во Фоли-Бержер во раните 1880-ти. За неговата слика, таа му позирала на Мане во неговото ателје.
Сликата е од подоцнежниот период на неговото творештво.
Композициски, употребува доста инвентивна постапка, со огледалото, одразот во него и мултиплицирањето на стварноста од предниот план на сликата.
Богата колористички, сликата изобилува со светлина и линиски интервенции кои се дел од импреsионизмот[2].
Иако многумина, моделот - жената, ја сместуваат во проститутките од париското милје, таа носи одредена тага, психологија, замисленост со која Мане внесува своевидна поетика и социјално-хуманистичка соживеаност со женскиот лик.
Сликата е една од неговите тестаментални креативни творби од неговиот зрел период. Длабока, светла, инспиративна, повеќеслојна низ повеќе аспекти.[3].
Наводи
уреди- ↑ „A Bar at the Folies-Bergère“. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 2020-12-10.
- ↑ Great Paintings: A Bar at the Folies-Bergère by Édouard Manet
- ↑ „A Bar at the Folies-Bergere by Edouard Manet“. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 2020-12-10.
Надворешни врски
уредиManet: A Bar at the Folies-Bergère (1882) at Smarthistory. |
- Higher resolution version of the painting Архивирано на 18 јули 2017 г.
- The Guardian
- An essay on this painting from the book Beauty and Terror by Brian A. Oard here Архивирано на 10 април 2010 г.
- The Courtauld Gallery catalogue entry