Барингс (англиски: Barings PLC) — британска банка која работела од 1762 до 1995 година. Таа била втората најстара трговска банка (merchant bank) во светот.

Пропаста на Барингс

уреди

Банката „Барингс“ пропаднала на 26 февруари 1995 година поради големата загуба од 1,33 милијарди долари, предизвикана од измамничкото тргување на нејзиниот вработен Николас Лисон (Nicholas Leeson) во филијалата „Barings Futures“ во Сингапур. Загубата била предизвикана од неовластеното и тајно тргување на Лисон на јапонскиот пазар на акции каде тој акумулирал големи отворени позиции на фјучерси на пазарниот индекс Nikkei 225. Притоа, договрната вредност на неговите позиции на берзите во Осака (Osaka Securities Exchange, OSE) и Сингапур (Singapore Monetary Exchange, SIMEX) изнесувала 7,7 милијарди долари, а кога берзанскиот индекс „Никеи 225“ паднал од 19 000 на 17 000 во првите два месеца од 1995 година „Barings Futures“ претрпила големи загуби, кои само се зголемиле поради тоа што Лисон истовремено склучил договори за продажба на 35 000 купвни и продажни опции кои гласеле на фјучерсите на пазарниот индекс „Никеи 225“. По првичното зголемување на загубата, Лисон продолжил уште повеќе да тргува очекувајќи дека во иднина ќе ги покрие направените загуби, а кога не можел да исплати парите што ги барале берзите, на 23 февруари 1995 година, едноставно избегал. Подоцна, тој испратил факс до врвното раководство на „Барингс“ искажувајќи „искрено извинување за непријатноста во која ве оставив“.[1]

Наводи

уреди
  1. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 29, 144-148 и 155.