Балтички фестивали на песна

Балтичките фестивали на песна се традиционални аматерски фестивали на песна и танц во балтичките држави вклучени во списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Балтички фестивали на песна
25-тиот фестивал, 2009 година
Поврзница087
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2008

Првиот фестивал на песната е одр во Цирих, Швајцарија во јуни 1843 година. На него присуствувале 2.184 пејачи. Традицијата се проширила во Вирцбург, Германија во 1845 година и оттаму стигнала до балтичките држави преку балтичките Германци и нивните хорски друштва. Прво се одржал во 1869 година во Естонија (Естонски фестивал на песна), а во 1873 година во Летонија (Латвиски фестивал на песна и танц). Последно, традицијата дошла на Литванија (Литвански фестивал на песната) во 1924 година

Овие фестивали се масивни настани кои привлекуваат околу 30.000 пејачи. Фестивалите, кои се одржуваат на секои пет години во Естонија и Латвија и на секои четири години во Литванија, ги слават традиционалните народни песни и ора. За време на совиетската ера, фестивалите бил суптилен политички протест против комунизмот. Во доцните 1980-ти, песните станаа составен дел од движењето за независност, понекогаш познато како Распеана револуција. Во 2014 година, Естонскиот фестивал на песна привлекол вкупно 159.300 луѓе. Ова беше најголемата бројка од повторното осамостојување на Естонија.

Наводи

уреди