Баленсијага

(Пренасочено од Баленциага)

Баленсијага е луксузна модна куќа основана во Шпанија. Овој бренд бил формиран од страна на Кристобал Баленсијага. Дизајнерот е роден во баскиската земја, Шпанија. Брендот сега е во сопственост на француската мултинационална компанија Керинг. Неговите меур здолништа и чудните женски, но сепак, ултра-модерни форми, се трговска марка на куќата.

Баленсијага
Баленсијага

Историја

уреди
 
Баленсијага фустани во Фиренца, Италија

Кристобал Баленсијага го отворил својот прв бутик во Сан Себастиан, Шпанија, во 1919 година.[1] Шпанското кралско семејство и аристократија ги носеле неговите дизајни, но за време на Шпанската граѓанска војна принудно ги затворил своите продавници, Баленциага се преселил во Париз.[2]

Баленсијага ја отворил својата модна куќа на авенијата Џорџ V во август 1937 година, а првата модна ревија и избраните дизајни во голема мера биле под влијание на ренесансата. Успехот во Париз се случил речиси веднаш. [3]

Клиентите ја ризикувале својата безбедност при патување во Европа за време на Втората светска војна за да ја видат облеката на Баленсијага. 

По војната, неговите линии станале повеќе линеарни и елегантни, различни од оние на Кристијан Диор во „Нов изглед“. Менливоста на неговите силуети му овозможила да манипулира во односот помеѓу неговата облека и женските тела. Во 1951 година, тој целосно ја трансформирал силуетата со проширување на рамениците и отстранување на половината. Во 1955 година, тој дизајнирал туника фустан, кој подоцна се развил во друг вид фустан од 1958 година. Другите придонеси во повоената ера ги вклучува: сферичните балон јакни (1953), палтото кожурец (1957), здолништето балон (1957 година), и здолништето вреќа (1957).

Во 1959 година, неговата работа кулминирала со фустаните и палтата како кимоно. Неговата манипулација со половината особено придонела кон „она што се смета за негов најзначаен придонес во светот на модата: нова силуета за жените“.

Во 1960-ти години, Баленсијага експериментирал со употреба на ткаенините: користе тешки ткаенини, сложен вез и смели материјали. Неговите трговски марки вклучувале „јаки што стојат настрана од рамото“ и скратени „белегзија“ ракави. Брендот се смета за мастер на високата мода во 1950-ти и 1960-ти години.

Во 1960 година, тој ја дизајнирал облеката за свадбата на кралицата Фабиола на Белгија.

Неколку дизајнери кои работеле за Баленсијага отвориле сопствени успешени модни куќи, како Оскар де ла Рента (1949), Андре Курегес (1950), Емануел Унгаро (1958), а негов најпознат и истакнат ученик бил Ибер де Живанши.

Баленсијага денес

уреди
 
Баленсијага изложба во Билбао, Шпанија

Во 1986 година, Жак Богарт С. А. стекнал права да отвори нова Баленсијага. Првата колекција била дизајнирана од страна на Мишел Гома во октомври 1987 година, кој останал како дизајнер во куќата во следните пет години. Тој бил заменет во 1992 година со холандскиот дизајнер Јосиф Тимистер, кој започнал обновување на Баленсијага во високата мода.

Во 1992 година, за Летните олимписки игри, Баленсијага ја дизајнира облеката на францускиот тим.

Наводи

уреди
  1. Charleston, Beth Duncuff (October 2004). „Cristobal Balenciaga (1895-1972)“. Timeline of Art History. Metropolitan Museum of Art. Архивирано од изворникот на 27 January 2007. Посетено на 2007-03-11.
  2. „Cristóbal Balenciaga“. Victoria & Albert Museum. Архивирано од изворникот на 2007-11-23. Посетено на 2007-03-11.
  3. Rowlands, Penelope (2005). A Dash of Daring: Carmel Snow and Her Life In Fashion, Art, and Letters. Atria. стр. 286 and elsewhere.