Балеарско Море
40°0′N 1°30′E / 40.000° СГШ; 1.500° ИГД
Балеарското Море или Ибериско Море (шпан. и катал. Mar Balear) е водна површина во Средоземното Море близу Балеарските Острови. Во каталонскиот јазик морето се нарекува и „Каталонско-балеарско Море“ (Mar Catalanobalear).
Во ова мало море се влева реката Ебро.
Граници
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Балеарското Море ги има следниве граници:[1]
Помеѓу Балеарските Острови и крајбрежјето на Шпанија, ограничено:
На југозапад. Линија од ‘ртот Сан Антонио (38°50′N 0°12′E / 38.833° СГШ; 0.200° ИГД) до ‘ртот Берберија, југозападниот крај на Фурмантера (Балеарски Острови).
На југоисток. Јужното крајбрежје на Фурмантера, оттаму линија до ‘ртот Ротха, неговиот источен крај, па до јужниот крај на островот Кабрера (39°07′N 2°54′E / 39.117° СГШ; 2.900° ИГД) и до Ветровитиот Остров, близу јужниот крај на Минорка.
На североисток. Источното крајбрежје на Минорка до ‘ртот Фаварич (40°00′N 4°14′E / 40.000° СГШ; 4.233° ИГД), а оттаму линија до ‘ртот Сан Себастијан (Шпанија) (41°54′N 3°10′E / 41.900° СГШ; 3.167° ИГД).
Наводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)