Балансирање
Балансирање — урамнотежување на силите што се јавуваат при мирување (статичко балансирање) и при вртење (динамично балансирање) на машински делови што се вртат (на пример, на ротори на турбини или на автомобилски тркала) како резултат на неурамнотежени маси поради непрецизна изработа или нехомогени материјали. Балансирањето се врши со додавање или одземање на маса додека не се постигне рамнотежа. Покрај статичкото балансирање, неопходно е и динамичко балансирање, бидејќи на роторот може да има маси кои образуваат статички избалансирани парови, но предизвикуваат вибрации при ротација.[1]
Слики
уреди
|
Наводи
уреди- ↑ balansiranje, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2019.
Надворешни врски
уреди- Балансирање на Ризницата ?