Базилика на Светото срце (Париз)
црква во Париз
Базиликата на Светото срце (на француски: Basilique du Sacré-Cœur) или Сакре-кер е римокатоличка црква и мала базилика во Париз посветена на преданоста кон Пресветото срце на Исус. Таа е популарно обележје и e еден од најпосетуваните споменици во Париз. Градбата е сместена на ридот Монмартр.
Базиликата е дизајнирана од францускиот архитект Пол Абади. Изградбата била започната во 1875 година и завршила во 1914 година. Осветувањето на базиликата се случило во 1919 година, по завршувањето на Првата светска војна.
Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |