Босанскохерцеговска радиотелевизија (БХРТ) (порано позната како: Javni radiotelevizijski servis Bosne i Hercegovine - PBSBiH) — државна радио и телевизија на Босна и Херцеговина. Во периодот меѓу 1992 до 1995 го носела називот РТВ Босна и Херцеговина, која настанала од РТВ Сараево. БХРТ се финансира од радиотелевизиската такса заедно со останатите јавни дифузери (ФТВ и РТРС). Во план е воспоставување на корпорација која би ја сочинувале сите јавни дифузери од Босна и Херцеговина (БХРТ, РТВФБиХ и РТРС). Управната структура на БХРТ е утврдена со Статутот на БХТ. Програмата се продуцира од главниот центар во Сараево како и преку информативно-техничкиот центар во Бихаќ, Бања Лука, Мостар, Тузла и Зеница. Како јавен радиодифузер, БХРТ е членка на ЕБУ од Босна и Херцеговина и активно учествува во избирање на босански претставник за Евровизија секоја година.

БХРТ (БХТ 1 и БХ Радио 1)

уреди

На 13 август 2004 од студиото од Сараево, започна со целодневно емитување на програмата на БХТ 1. Точно во 18 часот, е емитувана отворената програма по повод Летните олимписки игри во Атина во 2004. БХТ 1 ги емитуваше случувањата и натпреварите од Олимписките игри со информативна програма (сигнал кој ја покрива 90% од територијата на Босна и Херцеговина. По свечената церемонија, точно во 18 часот е емитувано првото издание на БХТ Вести на штотоку воспоставената национална мрежа. Прв водител бил Томислав Ѓуриќ[1]

Организација

уреди

БХРТ моментално се состои од три посебни организациски единици:

  • БХТ 1 - Босанскохергеговска телевизија
  • БХ Радио 1 - Босанскохерцеговско радио
  • МП БХРТ - Музичка продукција на радио телевизија БиХ

Наводи

уреди