БТЦ Сити (Љубљана)

БТЦ Сити (словенечки: Družba BTC) — трговски центар, спортски, забавен и деловен простор во Љубљана, Словенија, со повеќе од 500 продавници. Тој е еден од најголемите трговски и забавни комплекси во Европа.

БТЦ Сити означен (горе десно) на картата на Љубљана.

Објекти

уреди

БТЦ Сити има вкупна површина од повеќе од 250.000 m2 .Вклучува главен трговски центар наречен CityPark, 16 помали трговски центри, кино со дванаесет сали, неодамна отворениот Хотел Редисон Блу Плаза Љубљана, маркет и пазар, терен за мини голф, воден парк со спа-центар, забавен центар со казино, куглана како и две високи деловни згради. Една од нив, Кристал Палас, е највисоката зграда во Словенија.

 
Панорамска слика на БТЦ Сити од север.

CityPark

уреди

Тој е главниот трговски центар со повеќе од 150 продавници и 15 барови и ресторани (вклучувајќи го и единствениот Бургер Кинг во Словенија). Изграден е во три фази од 2002 до 2010 година.

Колосеј

уреди

Станува збор за кино кое било отворено во 2001 година. Има дванаесет кино сали со капацитет од 140 до 600 гледачи. Внатре во долниот дел на киното има и забавен дел со билијард и други игри, два ресторани и Мекдоналдс, три барови, книжарница и две модни продавници.

Надворешни врски

уреди