А бре невесте
„А бре невесте“ — македонска народна песна од мијачкиот регион, на мијачки дијалект. Песната го опева тешкото минато на македонскиот народ, кога, многу често, младите Македонци биле земани на многугодишна воена служба веднаш откако ќе се венчале, па нивните млади невести останувале сами со свекорот и свекрвата, чекајќи и надевајќи се дека нивниот сопруг еден ден ќе се врати жив. Откако после девет години воена служба момчето се враќа дома, неговата натажена и јадовна сопруга не го препознава.
„А бре невесте“ | |
---|---|
Песна од Александар Сариевски | |
Јазик | македонски |
Објавена | 1946 |
Жанр | македонска народна музика |
Композитор(и) | непознат |
Текстописец | непознат |
Текст
уреди- А бре невесте, око калешо,
- зашчо си толку бре ујадено?
- – А бре војниче, младо војниче,
- како да не сум бре ујадено?
- Еве имат бре, девет години,
- како ми лудо војник зедоје.
- А бре невесте, младо невесте,
- какви јадови сега кажуваш?
- Какви јадови сега кажуваш,
- и да го видиш не го позинаш?
- – А бре војниче, младо војниче,
- ја имам мајка, моја свекрва.
- Кога ќа мајка сина прегрне –
- и ја ќа си му рока целивам.
Надворешни врски
уреди- А бре, невесте во изведба на Александар Сариевски, на Јутјуб