А бре војниче, младо војниче

македонска народна песна

„А бре војниче, младо војниче“македонска народна песна, од село Глишиќ, Клиново, Тиквеш, собрана од мелографот Александар Линин, а на нему испеана и дадена од Коста Крстева, родена 1942 година.[1] Напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Во песната, авторот го прашува насловниот млад војник дали се колеба за неговата одлука што станал војник. Тој пак одговара дека е тажен за неговата расплакана мајка, и загрижен за неговиот татко кој што секој ден оди во меана и пие по цела ноќ. Причината е непозната, но е можеби затоа што тој станал војник, а татко му стравува за неговиот живот.

„А бре војниче, младо војниче“
Песна од разни артисти
Јазикмакедонски
Напишана?
ОбјавенаАлександар Линин, Мисла,
„Тиквешки народни песни“, Скопје, 1978
СнименаАлександар Линин,
23 ноември, 1958
Жанрмакедонска народна музика
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Одлики

уреди

Аранжманот е во карактеристичен 7/8 такт, но песната сè уште не е испеана, или пак нејзините снимки се загубени.[1]

Текст

уреди

А бре војниче, младо војниче,
што си војниче толку умислено?
Дали војниче раница тежи,
или војниче пушката тежи?

- Ниту ми џанам раница тежи
ниту ми џанам пушката тежи.

Синоќ поминав крај наш'те порти,
мојата мајка низ двор одеше,
низ двор одеше, солзи ронеше,
с'лзи ронеше, прсти кршеше.

А мојот татко в меана оди,
в меана оди, рујно вино пие,
в меана оди, рујно вино пие,
дома не иде, џанам да спие.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди