А бре браќа Кукушани

македонска народна песна

„А бре браќа Кукушани“македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни. Песната е посветена на Кукушани, кои што авторот ги прашува зошто тагуваат, за тие да објаснат дека стигнал глас за убиството на Гоце Делчев во село Баница, Сер, Егејска Македонија. Песната има ајдутски карактер.

„А бре браќа Кукушани“
Песна од Васка Илиева
Јазикмакедонски
Напишана19??
Објавена19??
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:26
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Одлики

уреди

Песната е испеана од Васка Илиева, во 4/4 такт, во а-мол.[1]

Текст

уреди

- А бре браќа Кукушани,
а бре браќа Кукушани,
што сте толку нажалени,
нажалени натажени?
Што сте толку нажалени,
со очите насолзени?

- Как' да не сме нажалени,
как' да не сме расплакани?
Што се стори чудно чудо,
чудно чудо во Баница.

Сношти гласои пристигнаа,
сношти гласои пристигнаа,
Гоце Делчев го убија,
го убија во Баница.

Затоа сме нажалени,
затоа сме расплакани,
Гоце Делчев ни загина
за правдини македонски!

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди