А бре Кољо, мамин Кољо

македонска народна песна

„А бре Кољо, мамин Кољо“ или „Ој ти Кољо, мамин Кољо“македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни, во невообичаено разновидни текстуални изведби, за револуционерните дејци Дедо Кољо Добровенски или Никола Коев Николов, брат на Тане Николов. Наративот на авторот е типичен за ајдутските песни, каде што комитата или насловниот протагонист вели дека е „оженет“ за татковината.

„А бре Кољо, мамин Кољо,
Ој ти Кољо, мамин Кољо“
Песна од
Октет Македонија, Мимози, Танец
од албумот
„Ајде пушка пукна“,
„Мори моме убава“
Јазикмакедонски
Напишана19??
ОбјавенаОктет Македонија (1975),
Мимози (1981),
Танец (1983)
СтудиоПГП-РТБ, МРТ
Жанрмакедонска народна музика
Должина5:10 (1975),
04:06 (1981),
03:24 (1983)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Одлики

уреди

Први на винил ја снимиле Октет Македонија,[1] а подоцна во алтернативна варијанта ја снимиле вокалната група Мимози,[2][3] додека најпозната е изведбата од ансамблот Танец.[4] Аранжманот е разновиден, со 3/4 и 11/8 такт,[5][6] иако вклучените снимени изведби се во 2/4 такт.

Текст

уреди

Ој ти Кољо, мамин Кољо, мамино кумито,
доста шета, мамин Кољо, по Пирин Планина,
доста шета, мамин Кољо, по Пирин Планина.

Баба ќе те жени Кољо, за попова ќеро,
мори бабо, стара бабо, стара неразбрана,
мори бабо, стара бабо, стара неразбрана.

Мајка ми е бабо мори, на Пирин Планина,
жена мије бабо мори, пушка маликера,
жена мије бабо мори, пушка маликера.

Деца ми се бабо мори, дробните фишеци,
каде да ги пратам бабо, назад не се враќат,
каде да ги пратам бабо, назад не се враќат.

Назад не се враќат бабо, работа ми вршат,
работа ми вршат бабо, тирански глај кршат,
работа ми вршат бабо, тирански глај кршат!

А бре Кољо, мамин Кољо, мамина кумито,
доста оди, мамин Кољо, пустите планини,
пустите планини, Кољо, у рамни долини.

Нели се нагледа, Кољо, младите ан'мки?
Ајде да те женам, Кољо, за едно кавурче.

Нели се наноси, Кољо, пушки малихерки,
нели се нафрла, Кољо, дребните куршуми?

- Мојта жена, мила мајко, пушка малихерка,
мојте деца, мила мајко, дребните куршуми.

Нели се најаде, Кољо, мрсните кокошки,
нели се најаде, Кољо, и масни погачи.

Каде ги испраќам, мајко, назад не се враќат,
назад не се враќат, мајко, абер ќе ми пратат.

Наводи

уреди
  1. на ВБУ музички регистар[мртва врска]
  2. на ВБУ музички регистар[мртва врска]
  3. на YouTube
  4. на YouTube
  5. Партитури и белешки: Ѓорѓи Димчевски, Седенка се збира, Културно-просветна заедница на Скопје, Скопје, 1986 година
  6. Партитури и белешки: Бранко Каракаш, Антологија на македонски народни песни, Дега, Скопје, 1995 година

Надворешни врски

уреди