Ај што оган гори во планина
македонска народна песна
„Ај што оган гори во планина“ — македонска народна песна. Песната е посветена на македонските партизани кои во песната се борат на една планина против фашистичките окупатори на територијата на Македонија, за време на Втората светска војна. Песната има патриотски и партизански карактер.
„Ај што оган гори во планина“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 2:40 (Костадинка Палазова) |
Текст
уредиАј што оган гори во планина,
ајде во планина, сред корија.
Ај што пушки грмат, бомби трештат,
ајде цела земја ја потресуваат.
Ајде нека знаат душманите,
таму борба водат партизаните,
смела борба водат, не се жалат,
на фашисти клети не се предаваат.
Ми викна смело партизанка:
- Бегајте дома, клети фашисти!
Овде е земја Македонија,
за вас фашисти црна гробнина.
Надворешни врски
уреди- Ај што оган гори во планина (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 16 август 2018 г.