Ај, в Македонија глас се слуша
„Ај, в Македонија глас се слуша“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период, во периодот меѓу двете светски војни или во повоениот период. Песната е посветена на Илинденското востание кое се раширило низ Македонија во 1903 година од страна на македонскиот народ како и за неговата храброст. Песната исто така говори за одговорот и задушувањето на востанието во Македонија од страна на османлиската власт и дека Европа треба да чуе за подвигот на македонските востаници. Песната има ајдутски карактер.
„Ај, в Македонија глас се слуша“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Напишана | 19?? |
Објавена | ? |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:38 (Конак) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Одлики
уредиПесната е во 4/4 такт.
Текст
уредиАј, в Македонија глас се слуша
од нејзини синови.
Ај, душманите побеснале,
колат, бесат сè на ред.
Ај, вие браќа Македонци,
вие славни јунаци.
Алово знаме да развејме
над македонски долини.
Ај, на знаме е напишано:
„Слобода или смрт”.
Ај, нека чует и Европа,
народот се разбуди.
Ај, Македонец не се плаши
од душмански јатаган.
Ај, како лавот тој се фрла
среде војска и јатаган.
Надворешни врски
уреди- Ај, в Македонија глас се слуша (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 23 јули 2018 г.