Ајрај
Ајрај (англиски и палауански: Airai) е една од шестнаесетте сојузни држави на Палау. Главен град на сојузната држава е Нгеткиб, а најголемо населено место е гратчето Ајрај со околу 920 жители (2005), што е второ најголемо во Палау, веднаш зад Корор.
Ајрај Airai | ||
---|---|---|
сојузна држава | ||
Местоположба на Ајрај во Палау. | ||
Држава | Палау | |
Гл. град | Нгеткиб | |
Површина | ||
• Вкупна | 44 км2 (17 ми2) | |
Население (2004) | ||
• Вкупно | 2.700 | |
ISO 3166 | PW-004 |
Географија
уредиАјрај се наоѓа на јужниот брег на главниот остров на Палау - Бабелдаоб. Ајрај е втора најнаселена држава во Палау, веднаш после Корор. Според податоците од 2004 година, сојузната држава имала население од 2700 жители. Во рамките на сојузната држава се наоѓа главниот Меѓународен аеродром Роман Тметучл. Оваа сојузна држава е поврзана со островот Корор со Мостот Корор-Бабелдаоб.
Јужно, источно и западно сојузната држава излегува на море, северно граничи со сојузната држава Нгатпанг, севроисточно граничи со сојузната држава Нгчесар а севрозападно со сојузната држава Ајмелик.
Острови
уредиВо рамките на сојузната држава се наоѓаат следниве острови:
- Корак
- Нгкесил
- Длебебај
- Чесечосоу
- Омелочел
- Нгедерт
- Гареру
- Сонгол
- Борн
Околу брегот има и уште неколку мали карпести островчиња кои се прекриеми со шума. Сепак, сите овие островчиња се многу мали.
Образование
уредиОбразовните активности и институции во Ајрај се надлежност на Министерството за образование на Палау. Основното училиште Ајрај функционира од септември 1945 година. Првично, ова училиште ја користела зградата на Одделот за комуникации на Јапонија.[1] Своето средно образование учениците го продолжуваат во единственото државно средно училиште во Корор.[2]
Наводи
уреди- ↑ "Airai Elementary School Архивирано на 10 октомври 2018 г.." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018.
- ↑ "About Архивирано на 3 март 2018 г.." Palau High School. Посетено на February 22, 2018.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди