Ајореоански јазик
Ајореоански јазик — замукоански јазик кој се зборува во Парагвај и Боливија. Јазикот е исто така познат како моротокоански, мороански, ајовеоански и пјета-јовајски јазик. Во Боливија најчесто јазикот се нарекува ајореоански, а во Парагвај моротокоански јазик. Јазикот е мајчин јазик на Ајореоанците.
Ајореоански јазик Ayoreo | |
---|---|
Застапен во | Парагвај, Боливија |
Подрачје | Чако |
Народ | Ајореоанци |
Говорници | 3,771 |
Јазично семејство | замукоански
|
Дијалекти | циракуански дијалект
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | ayo |
Распространетост
уредиЈазикот се зборува во Парагвај и Боливија. Ајореоанскиот го зборуваат околу 3.771 жител, од кои 3.000 живеат во Парагвај и 771 во Боливија. Во Парагвај јазикот се зборува во департманот Чако и во северните делови на департманот Алто Парагвај. Во Боливија јазикот се зборува во покраината Гран Чако во департманот Санта Крус.
Фонологија
уредиСпоред Бертинето (2009) во јазикот опстојуваат следните самогласки:
предни | централни | задни | |
---|---|---|---|
високи | i | u | |
средни | e | o | |
ниски | a |
Наводи
уреди- Bertinetto, Pier Marco 2009. Ayoreo (Zamuco). A grammatical sketch. Quaderni del Laboratorio di Linguistica della Scuola Normale Superiore di Pisa. 8 n.s.
- Bertinetto, Pier Marco & Luca Ciucci 2012. Parataxis, Hypotaxis and Para-Hypotaxis in the Zamucoan Languages Архивирано на 9 април 2020 г.. In: Linguistic Discovery 10.1: 89-111.
- Ајореоански јазик на Ethnologue (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Ајореоански јазик на Ethnologue (англиски)
- Ајореоански на Rosetta Project Архивирано на 27 октомври 2007 г.
- Замукоанските јазици на Sorosoro Project