Ајдучка чешма (роман)

„Ајдучка чешма“ - роман за ајдутскиот период од македонската историја од македонскиот писател Видое Подгорец. Книгата била пишувана во Зеница, Колешино и Скопје од 1961 до 1964 година. Издадена е во 1970.

Ајдучка чешма
АвторВидое Подгорец
Изработувач на
корицата
Александар Каевски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачМакедонска книга
Издадена
1970
Медиумпечатено издание

Содржинa

уреди

Романот се состои од пролог, главен дел со 20 глави, секоја од нив насловена, и епилог, а дејствието го раскажува белобрадиот овчар како омнисцентен раскажувач. „Ајдучка чешма“ е поетски напишана и овековечена приказна за ајдутскиот период од македонската историја. Приказната за ајдутскиот војвода Коте, по неговата смрт заменет од неговиот син Илко, судбината на Сребра, сестрата близначка на Илко и мајката Гроздана, вешто раскажана од брилијантното перо на Видое Подгорец, го одржува вниманието на младиот читател до самиот крај. Изненадувањето се крие во епилогот кој се открива и идентитетот на белокосиот овчар кој ја раскажува и предава легендата за ајдуците како и за имињата на топонимите низ Подгорјето и селото Брест кои се споменуваат во приказната.

Изданија на книгата

уреди

Романот „Ајдучка чешма“ е издаден во 1970 година.

  • Прво издание од септември 1970 година како издание на издавачката куќа: „Македонска книга“. [1]Илустрациите и нацртот на корицата се на Александар Каевски. Тиражот на книгата бил 5000 примероци.

Наводи

уреди
  1. Видое Подгорец, Ајдучка чешма, Македонска книга, Скопје, 1970.