Чудовиштето од Аја Напа

(Пренасочено од Аја Напа чудовиште)

Аја Напа чудовиште (грчки: Αγία Νάπα θαλάσσιο τέρας, турски: Ayia Napa deniz canavarı, англиски: Ayia Napa sea monster) е криптид кој се појавува долж брегот на популарното туристичко одморалиште Аја Напа на Кипар. Најмногу средби со ова суштество се случиле околу ‘ртот Греко.

Аја Напа чудовиште
Видкриптид
ПодвидМорско чудовиште,
Криптозоолошки влекач
Подрачје Кипар
Живеалиштеморе

Други називи

уреди

Оваа суштество уште е познато под имињата:

  • Аули (Auli),
  • Кипарски Лох Нес (Cyprus Loch Ness),
  • Суштество од длабчините (Creature from the Depths),
  • или Пријателско чудовиште (Το φιλικό τέρας, The Friendly Monster)[1];

Опис на криптидот

уреди

Го опишуваат како големаа морска змија со долг врат, со две перки на градите и една на грбот, со долг врат, и опашка која наликува на опашка кај делфин. Локалните рибари зборуваат дека е пријателско суштество, и нема извештаи дека оваа суштество направило каква било штета.

Во митологијата

уреди

Многу луѓе сметаат дека овој криптид всушност е Сцила, митско морско чудовиште од старогрчката митологија.[2]

Можно објаснување/Научен став за овој криптид

уреди

Се смета дека во случајот со Аја Напа чудовиште се работело за крокодил кој бил држaн како куќно милениче, па подоцна незаконски пуштен во дивината.[3].

Наводи

уреди
  1. HadjiPavlou, P (14 март 2007). „To Filiko Teras“. Cyprus Weekly. стр. 18.
  2. Department of Antiquities - Archaeological Sites
  3. "Famagusta">Alethea Reynolds (28 октомври 2008). „Cyprus officials search for mystery 'monster'. Famagusta Gazette. Посетено на 29 декември 2009.[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди