Ештон Никол Кејси (роденa на Февруари 19, 1996 година), подобро позната како Ashnikko (/æʃ ni:koʊ / ash-NEE -koh),е американска пејачка,текстописец и раперка. Таа се прославила со својот сингл „STUPID“ од 2019 година со Јунг Бејби Тејт, кој се здобил со вирална популарност на платформата за споделување видеа ТикТок.

Ран живот

уреди

Ештон Никол Кејси е родена на 19 февруари 1996 година во Оук Риџ, Северна Каролина, и израсната во градот Гринсборо. Родителите ја изложиле на кантри-музика и Слипкнот. Таа се сеќава дека се заинтересирала за музика, поточно за рап музика, кога го слушала Арулар од М.И.А. на 10-годишна возраст и вели дека не слушала машки музичари сè додека не наполнила 16 години. Како тинејџерка, нејзиното семејство се преселило во Естонија заради студиите на нејзиниот татко, поминала една година таму пред повторно да се пресели во Рига, Латвија. Во еден момент, таа била единствената Американка во земјата што посетувала средно средно училиште во Латвија. На 18-годишна возраст, Ашнико самa се преселилa во Лондон, Англија.[1]

Кариера

уреди

2016–2019: Почетоци во кариерата и Здраво, тоа сум јас

уреди

Првата песна на Ашнико, „Krokodil“, била снимена од Раф Рајли и објавена во СаундКлауд во јули 2016 година.

Ашнико го издала својот трет студиски албум, „Здраво, тоа сум јас“ во јули 2019 година. На студискиот албум му претходел промотивниот сингл „Special“ и бил лансиран заедно со насловната песна и главниот сингл на студискиот албум, „Hi It's Me“. Вториот официјален сингл „STUPID“ во кој се појавува Јунг Бејби Тејт, се здобил со „вирална“ популарност на платформата за споделување видеа ТикТок. Песната достигнала број еден на „Billboard Bubbling Under Hot 100“, Billboard Bubbling Under R & B/Hip-Hop и на Spotify Viral 50. Другата песна од студискиот албум, „Working Bitch“, исто така станала популарна на „ТикТок“. Таа започнала со северноамериканска турнеја, поддржувајќи го американскиот рапер Дени Браун во октомври 2019 година. Ашнико го објавила промотивниот сингл „Halloweenie II: Pumpkin Spice“ во октомври 2019 година.[2]

Уметност

уреди

Ашникко поседува мецосопрано вокален опсег. Нејзиниот музички стил критичарите го опишале како спој на повеќе жанрови, вклучувајќи поп, инди поп и рок. Таа го опишала својот стил на музика како „лута, панк, хип-хоп, тажно девојче-феминистка, балон, пу-пу музика“ и појасниla дека нејзината музика не е наменета да биде комична или заснована на пародија.

Личен живот

уреди

Ашнико на својот Твитер изјавила дека е бисексуалка. Бидејќи моментално работи во Велика Британија, таа е „домашен“ член на колективот ПРС, но е заастапувана од АДКАИ.

 

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Wetmore, Brendan (December 4, 2019). „Ashnikko Is Ready for All of It“. PAPER (англиски). Посетено на October 26, 2020.
  2. Halloweenie II: Pumpkin Spice (англиски), Посетено на 2020-10-26