„Ашик Кериб“ (грузиски: აშიკ-ქერიბი) — советски филм од 1988 година во режија на Сергеј Параџанов и Давид Абашиѕе по сценариото на Гија Бадриѕе. Главните улоги ги играат: Јуриј Мгојан, Софико Чиаурели и Рамаз Чхикваѕе. Филмот, кој е заснован врз истоимениот краток расказ на Михаил Лермонтов, е последното остварување на Параџанов. Притоа, филмот е посветен на неговиот близок пријател Андреј Тарковски, кој умрел две години претходно. Покрај другото, филмот се одликува и со детален приказ на азербејџанската култура.[1]

Синопсис

уреди

Ашуг сака да се ожени со својата сакана, но нејзиниот татко е против бракот, зашто Ашуг е сиромашен, а таткото очекува богати понуди за својата „небесна ќерка“. Тогаш, девојката се заколнува дека ќе го чека саканиот илјада денови и ноќи, додека тој не се врати со многу пари. Така, Ашуг поаѓа на пат со цел да се збогати...

Наводи

уреди